Сподели знаење 25.07.2009 во 12ч

Во старо време и на старо место и денес ќе има „Сподели знаење“. Немаме договорено теми, но секогаш има нешто интересно на лагер.

Тоа што би сакал да го видам е како да се направи лаптопот да лади наместо да грее. ;-) Знам... делува невозможно, но истото го мислеа и за Александар, коа тргна да го освои светот. :-)

Во екот на летните горештини, решавањето на овој проблем е поважен од „името“. ;-)

Се гледаме!

Сподели знаење 11.07.09 (12:00ч)

На агенда засега е:

- досредување на netbook power поставките...
- што е тоа powetop и како да го разбереме?...

... но било кој што бил досега на СЗ знае дека може да испадне нешто
сосема поинаку и поинтересно...

Сподели знаење 04.07.09 (13:00ч)

По неколку недели пауза решивме да направиме едно сподели знаење. Агендата денеска ќе биде:
  • хакирање на разни web апликации (под хакирање мислам на решавање bug-ови во наши апликации)
  • отварање и чистење на Thnikpad :) - можеби
  • custom made мини-python-web-framework - се вика die-django :)
  • сурфање на IPv6 интернетот (а и ставање на сервери на IPv6)
  • инсталација на ubuntu netbook remix na eeepc 1000he
  • и сите други работи што ќе ни текнат ...
Единствена промена е почетното време. Ова сподели знаење почнува од 13:00 наместо 12:00 часот. Тие што доаѓаат редовно знаат дека ова е и не е некоја промена :).

Локација стандардна. Линк тука.