Сподели знаење 31.01.2009

И оваа сабота ќе продолжиме со Arduino микро-контролерите. По воведот предминатата недела и лед-диодите минатата недела оваа недела ќе правиме нешто со тастери и лед-диоди или евентуално ќе го направиме известувачот за нови пораки со лед-диоди до крај.

Ќе тестираме multicast и префрлање големи датотеки со udpcast, mrsync, multi-rsync на повеќе системи истовремено.

На слична тема ќе пробаме да поставиме и Moose FS дистрибуиран мрежен датотечен систем на повеќе сервери.

Како и секогаш, ако некој има некое прашање, идеја или проблем може слободно да дојде да пробаме да го решиме.

Време и место стандардно. 12:00-17:00 тука.

Група на корисници на JAVA: Техничка презентација (28.01.2009, ФЕИТ, 18ч.)

Групата на корисници на JAVA оваа среда (утре, 28.01.2009) со почеток во 18 часот во конференциската сала на Факултет за електротехника и информациски технологии(ФЕИТ) ќе одржи 3 технички презентации за JAVA технологии.
  • Александар Ников - Graphical Editor Framework
  • Николче Михајловски - JavaFX
  • Ице Пенов - Buildr
Инаку достапни се слајдовите и неколку фотографии од минатите презентации, за да ве заинтригриаат да дојдете.

Сподели знаење 24.01

Оваа сабота ќе продолжиме со Arduino микро-контролерите. По воведот минатата недела, овој пат би требало да направиме нешто поконкретно (ако имаме материјал за работа).

Ќе направиме мала презентација за инсталирање, конфигурирање и работа со Redmine проект менаџмент системот.

Како и секогаш, ако некој има прашање, идеја, проблем може слободно да дојде да пробаме да го решиме.

Време и место стандардно. 12:00-17:00 тука.

Микро-контролери на сподели знаење, сабота 17.01.2009

По паузата за зимскиот распуст (Берлин, празници, собрание) оваа сабота (17.01.2009) продолжуваме со Сподели Знаење. Во следниот период воведуваме нова постојана активност, а тоа е хакирање на микро-контролери.

Дедо мраз од Берлин ни донесе две развојни платформи Arduino Duemilanove со кои во следниот период ќе го истражуваме светот на микроконтролерите, embeded програмирање и поврзување со вистинскиот свет. Тоа е првиот чекор кон правење на армија на роботи-терминатори со кои ќе го освојуваме светот (или во подосадната верзија - совладувањето на вештината за работа со микроконтролери ви гарантира вработување и во македонија и во светот - boring).

Оваа сабота за почеток ќе се запознаеме со хардверот и основните концепти на Arduino платформата, ќе ја споредиме со некои други слични платформи, може и ќе приклучиме некои диоди или моторчиња - ако има.

За понатаму ќе се договориме, но мој предлог-идеја е секоја сабота понатаму на Сподели Знаење да одвоиме саат-два за зезање со микроконтролерите, па можеби дури и да реализираме некој конкретен проект.

пс.
досега не било „официјално“ кажано, но постојан дел од Сподели Знаење е и решавање на генерални проблеми со Linux, инсталирање, драјвери, wifi, звук и слично. Можеби треба да дефинираме и суб-термини?

Место и време исто, од 12:00 до накај 18:00, локација иста.

25c3: Ден четири.

Од предавањата на кои бев последниот ден на 25-тиот по ред Chaos Communication Congress најинтересни беа тоа на Luciano Bello и Maximiliano Bertacchini за предвидливиот рандом генераторот на броеви во Debian Openssl пакетот. За тие што незнаат пред 2 години одржувачот на Debian Openssl пакетот искоментирал една линија и со тоа генерирањето на рандом броеви баш и не било рандом и со тоа сите клучеви, сертификати генерирани на debian(и сродни) дистрибуции се предвидливи. Luciano беше дечкото кој го откри тоа. Luciano беше извонредно интересен во својата презентација а едно од битните моменти беше дека администраторите на не-Дебиан системи не треба да им се смеат бидејќи ssh клучевите генерирани на Дебиан системи а кои имаат дозвола на не-дебиан системи се исто толку опасни.

Исто битно да се знае дека ssl сертификатите за https сајтови кои се генерирани на Дебиан системи се исто така предвидливи и со тоа може да се гледа https енкриптираниот сообраќај. Ја посочи Фајрфокс екстензијата која проверува дали ssl сертификатот на сајтот кој го посетувате е предвидлив и откога најде таков сајт прикажа колку е лесно да се декриптира тој сообраќај.

Второто битно предавање беше исто така со SSL сертификати беше Creating a rogue CA certificate кои прикажа практичен начин на пробивање на MD5 генерирани SSL сертификати и генерирање CA сертификат на кој му веруваат сите главни интернет прелистувачи за било кој сајт и со тоа во суштина го расипаа интернетот. Предавањето за Wikileaks.org беше исто интересно за политичките хакери.

За третиот дена само сакам да дополнам дека беше прикажано преслушување на DECT телефони во живо како и пристапување на компјутери кои се дел од Stormbotnet. Исто така и Bruse Deng од Microsoft одржа предавање за начинот на откривање и дисекцирање на Microsoft Office вируси.

Најинтересните предавање ќе ги гледаме на Сподели Кино веднаш штом ги стават сите снимки на интернет.

Организацијат на конгресот беше безпрекорна, освен инцидентот со сајтот на германската нацистичка партија, за кој организаторот и официјално (но саркастично) се извини немаше ниту еден инцидент офлајн или онлајн. Присуствувале 4250 посетители, биле издадени 5216 ИП адреси, сообраќајот кон интернет бил 2,8гигабита/секунда и тоа само затоа што од 4-те гигабитни врски кон интернет 1 гигабит/секунда бил за IPv6 сообраќај кој многу малку се користел.

Беше исклучителна привилегија да присуствувам и уште од сега почнав да штедам пари за да одам на следниот CCC.