СподелиКино: Кратки филмови од Pangea Day, 1.12.2008 во 20ч. [К.Ц.Точка]

Овој понеделник на „СподелиКино“ ќе пуштаме кратки филмови за „обични или необични“ животни приказни на луѓе од целиот свет. Колекцијата на филмови ја превземавме од Pangea Day. Еве што тие викаат за филмовите:

Во свет каде луѓето најчесто се поделени со граници, разлики и конфликт, лесно се губи предвид за тоа што сите нам ни е заедничко.

Pangea Day сака да го преброди тоа и да им помогне на луѓето да се видат себеси во другите, преку моќта на филмот.

На репертоарот ќе ги пуштиме:

  • A Thousand Words од Ted Chung
  • Dancing Queen од Sumit Roy
  • Elevator Music од Serdar Ferit
  • I'll Wait for the Next One од Philippe Orreindry
  • Papiroflexia од Joaquin Baldwin
  • Detachment Remix од Raffi Asdourian
  • Moving Windmills
  • My First Crush од Julia Putt
  • New Orleans for Sale од Brandan Odums
  • Wild Snowman од Garret Nantz и David Estis
  • Yellow Sticky Notes од Jeff Chiba Stern


Може ќе има уште нешто плус.

Сподели Знаење 29.11.2008

Сподели знаење оваа сабота на 29 Ноември 2008 на стандардната локација http://rdr.to/xe во стандардниот термин од 12 до 17 часот.

Дел од агендата (што направиме направиме, другото следен пат):
  1. Дамјан рече дека ќе објасни како се билда прилагоден openwrt линукс за вифи рутерите.
  2. Ќе имаме неколку принтани линукс маскоти, хал900 маскоти ако донесе некој ножички и охо лепак ќе ги правиме.
  3. Јас ќе објаснам како да го заштитите вашиот Iphone да не ви го „хакираат“ во јавна wifi мрежа. Ќе прикажам и видео како се „хакира“. Ако имате отклучен Iphone би било убаво да го донесете.
  4. По идеја на Новица и софтверски и хардверски ќе имплементираме кирилична Дворак тастатура. Ако имате стара тастатура донесете ја.
  5. Јован ќе ни објасни како да контролираме програми со AnyRemote преку мобилен.
  6. Се останато што може да им текне на присутните (еве некои идеи)

СподелиКино: Алфавил, 24.11.2008 во 20ч во К.Ц. Точка

Овој понеделник во 20ч во К.Ц. Точка, СподелиКино продолжува со филмските вечери. На репертоар е „Алфавил“.

„Алфавил“, е црно-бел научно-фантастичен филм од 1965 година режиран од Жан-Лик Годар. Филмот има освоено „Златна мечка“ на филмскиот фестивал во Берлин 1965 година.

„Алфавил“ комбинира дистопијанска научна-фантастика со филм ноар.



Леми Косијон, агент од „надворешните земји“, маскиран како репортер на Фигаро-Правда е на тајна задача. Тој мора да го пронајде загубениот агент Хенри Диксон; го зароби или убие креаторот на Алфавил, професорот Фон Браун; го уништи Алфавил и диктаторскиот компјутер Алфа 60, кој има целосна контрола врз градот.

Што повеќе ви треба за да ја почнете неделата од класикот на научната фантастика?

СподелиКино: Блиски средби со TED 19.11.2008 во 20ч [К.Ц. Точка]

На репертоарот на СподелиКино оваа среда е TED вечер со неколку видео презентации. Темите варираат од Откривање на необични својства на работите околу нас, преку хакирање на ефтин хардвер до опасностите на локалното затоплување.

TED значи Technology, Entertainment, Design. Почнува како конференција во 1984 година, каде луѓе од овие 3 света се среќаваат.

СподелиЗнаење 15.11.2008

Во сабота на Сподели Знаење ќе има:
  • можеби ќе дојдат луѓе од it.com.mk форумот за да пробаме да им ја проработиме Intel 4500MHD графичката на Ubuntu
  • разгледување на SME Linux и слични дистрибуции со сервиси за мали и средни фирми
  • + во контекст на горното евентуално webmin
  • во разно ќе се прави било што (еве некои идеи).
Значи, сабота од 12:00 па до кај 17:00 на исто место.

СподелиЗнаење 8.11.2008

Утре повторно има споделизнаење како и [скоро] секоја сабота.
Од 12:00 па до кај 17:00 на исто место.

Нема некоја посебна агенда, па останува да си дојдат луѓе со по некоја идеја од wiki.

Додуше, Миша изрази желба за водед во основите на svn (па и ќе го споредиме со git, mercurial и cvs), Глиша - „mad-as-hell“ ќе ја хакира камерата за да прави live stream од неа. Исто така, хакирање на Awesome е секогаш интересна опција :).

СподелиКино: Телевизиска мрежа (филм)

Овој понеделник на СподелиКино ќе го проектираме „Телевизиска мрежа“. Место на настанот: К.Ц. Точка 10.11.2008 во 20ч.

Телевизиска мрежа е филм од 1976 за фиктивна телевизиска мрежа, „Јунион бродкастинг систем“ (UBS), и нејзината борба со ниските рејтинзи.



Приказната започнува со долгогодишниот главен водител на „Вечерните ЈуБиЕс вести“, кому му остануваат уште две недели во етерот, кој во живо најавува дека на следните вести ќе изврши самоубиство.