Па, сезоната на Сподели Кино заврши за ова лето. И оваа сезона, програмата беше шаренолика, а покривме најразлични теми, некои значајни, некои незначајни, сериозни, смешни, корисни или тотално без никаква корист.
Сподели кино продолжува од септември со нови содржини.
Firefox и сл. на СподелиКино, 25.06.2008 г. во 20:30 ч. [Точка]
Во последното кино месецов, мора да се оддолжиме со тоа што конечно ќе го пуштиме BigBuckBunny (по две најави :)).
Но, на програмата ги планираме и документарниот филм за објавувањето на изворниот код на Нетскејп од кој започна проектот Мозила. Филмот се вика Code Rush, и последното официјално издание му е на видео касета. Сепак, има добри луѓе и ете, го има и на Интернет.
А за да продолжиме уште малку со промоцијата на Firefox 3, можеби и ќе пуштиме некое од видеата кои ги објаснуваат можностите на најновата верзија на прелистувачот. Повеќе за овие видео учебници има на mozilla.blog.com.mk.

Лепенки
интернет,
слободен софтвер,
слободна култура,
сподели кино
Летно сподели знаење, 21 Јуни 2008, к.ц. Точка
По две неделна пауза, се враќаме со првото летно сподели знаење оваа 2008 година.
Јас планирам да ги потсредам некои од Друпал сајтовите со кои што се занимавам изминатиов период, па викам да го споделам она што сум го открил до сега во врска со Друпал.
Претпоставувам дека тоа ќе повлече, теми и за Apache, Mysql, PHP, инсталација, конфигурација и развој.
Ако има нешто друго, ќе го откриеме на лице место. Почеток нешто после 12 часот. Друпал на сподели знаење

drupal,
друпал,
слободен софтвер,
слободни активности,
сподели знаење
Журка по повод официјалното издавање на Firefox 3, 18.06.2008 во 20 ч. [Точка]
Big Buck Bunny останува како опција за проекција, но фокусот на овој термин на СподелиКино е журка по повод третото издание на прелистувачот за Интернет Mozilla Firefox.

Ќе има музика, ќе има торта со логото на Firefox.

Ќе има музика, ќе има торта со логото на Firefox.
Сподели кино ... НЕ 11, туку 18 јуни 2008 во 20:00 ч. [Точка]

По известувањето од Точка дека таму е зафатено цела недела, ова кино го преместуваме за 18-ти. Сепак, планот за средба со студентите од филолошки останува, па ако нема место за муабет во Точка, таму само ќе се собереме па ќе одиме на друга локација.
Овој пат СподелиКино ќе биде без некоја посебна агенда. Ќе пуштиме сигурно некое кратко филмче, како на пример BigBuckBunny, а можеби и нешто друго... можеби некој краток TED или слично.
А, ако сѐ оди по план, останатиот дел од вечерта ќе биде мала дискусија за локализација на слободен софтвер заедно со група студенти од филолошки факултет.
Сподели знаење во Точка... во тек, како што пишувам
Интересно Сподели знаење. 'Рчкаме некој си smart телефон со линукс, а истовремено во Точка има и некоја работилица за архитектура.
Патем, Чомбе си купил лаптоп, па частеше пиво. :)
Патем, Чомбе си купил лаптоп, па частеше пиво. :)
Randall Munroe на големото платно - СподелиКино на 4.06.2008 во 20:30 ч. во Точка
Авторот на xkcd.com Randall Munroe одржа предавање во Google. Прво бил повикан како гостин, но потоа некој се досетил и му понудил да одржи предавање. Зборувајќи, го забележува Donald Knuth во првите редови, човекот без кој програмските јазици не би биле тоа што се.

Низ предавањето има интересни моменти и информации кои ќе бидат од интерес за сите љубители на XKCD. Патем, на крајот завршува со еден краток стрип (какви и што се xkcd стриповите), со што Munroe покажува како ги црта. Дечкото завршува факултет за Физика на MIT, и има навистина страшни идеи! Интересен податок е тоа што засега, Munroe, живее од продажбата на merchandise од xkcd.
Целото предавање ќе биде пуштено на следното Сподели Кино, во среда, 04 јуни, во Точка, 20.30ч.

google,
randall munroe,
xkcd,
предавање