Ден после Сподели Кино

Пост за импресиите од синоќешното СподелиКино.

Публика:

Имаше многу луѓе. Над 50 со сигурност, но сите некако се снајдоа (со стоење, седење) и го изгледаа до крај. Штета што не носевме апарат па се убаво да се документира.

Промоција:

За прв пат филмот одеше со оверлеј логото на сподели. Пред да почне филмот го пуштивме саундтракот, а на екранот стоеше сплеш скринот со 2с.мк прикажан подолу.

Објаснивме за што е СподелиКино, за слободните лиценци и пиратеријата, за слободната култура и можноста на сите да се вклучат во настанот. Ги промовиравме блоговите на сподели кино и сајтот на слободен софтвер.



Технички проблеми:

За прв пат, колку што јас знам, филмот беше спремен, аудиото беше истестирано, проекторот беше фокусиран и настанот почна во точно време.

Но, бидејќи досега не ни се случило превидовме два моменти:

* · Преводот беше со бели букви и не се читаше на многу светли позадини. Фала богу што немаше премногу такви.
* · Втора работа беше што на многу гласните места на филмот се губеше звукот. Тоа изгледа не можеа да го издржат звучнците.

Споделување:

Имаше луѓе кои сакаа да го добијат филмот и си носеа флеш усб стик па им го преснимивме, но имаше и такви кои дојдоа неподготвени.

За дел од нив, кои имаат можност, еве линкови до:

* · торент за филмот
* · торент за англиски превод
* · торент за саундтракот

Тие кои немаат можност да го симнат, нека пишат во кометар ќе им го снимам филмот и во среда нека донесат 1 празно двд или 2 празни цд-а.

За следното СподелиКино:

Имаме веќе неколку предлози. Ќе ги сумирам и ќе ги ставам во последен пост за да можат да се искажат мислења.

Голема благодарност:

До Дарко за компјутерот на кој го пуштавме филмот, за помошта и посветеноста и моралната поддршка.
Без него сето ова немаше да биде можно

линк до оригиналот: Сподели Кино.

СподелиКино на Блогерај

Пуштен е во употреба новиот блог посветен на СподелиКино на Блогерај.



Се надевам дека ова ќе придонесе за зголемување на популарноста на СподелиКино и преку него ќе заживее споделувањео и учеството на повеќе луѓе во градењето на слободната култура.

Првиот пост накратко објаснува што претставува СподелиКино, а спремен е и посебен пост кој ќе служи за давање на предлози за СподелиКино од страна на посетителите.

Доколку некој сака да помогне, може да спреми банери за блогот, кои би се ставале на другите блогови.

Анимето кое го освои светот на СподелиКино (20.02.2008)

Оваа среда 20 февруари во 20 часот во Точка, нашето СподелиКино патување продолжува во реалниот инспиративен свет на Вилиам Гибсон - Јапонија.



Ќе го гледаме филмот кој го доби јапонскиот оскар за најдобар анимиран филм - Tekkon Kankreet, кој е воедно и првиот аниме филм режиран од странец (во случајов американец).



Миксот на манга и western flavor се покажа како победнички, така што е примен со воодушевување од сите филмски критичари, а поминал и на голем број фестивали (земајќи и награди), од кои последно на Берлинскиот.

Визуелно, филмот остава еден незаборавен уникатен вкус на овошна шареноликост.
Музиката е на Plaid, а креатори се истите оние кои ни го подготвија Animatrix.



Овој филм е уште еден доказ дека борбата на 2д анимацијата не е изгубена.
Доживување кое нè потсеќа дека филмот е пред се уметност, а потоа техника.

Тука може да го погледнете и трејлерот.



Овозможено од Слободен Софтвер Македонија.

Корисни линкови и рецензии:

Интеракција на сегашноста со иднината на Сподели Кино во среда

Среда 13.02.2008 во 20 часот
Локација: Точка

Оваа недела дупла доза Сподели кино!
Две 45 минутни документарки за сегашноста во интеракција со иднината.

Прва порција:
Уште еден „road trip“ низ непознатите територии на умот и новите патеки на технологијата.
„No maps for these territories“ со Вилијам Гибсон the prequel (претходницата).
Продолжение (пред должение) на делот од филмот кој го беше прикажан претходната среда.

Незавизноста на деловите дозволува секој шо не стигна претходната среда, да може слободно да се вклучи оваа. Како бонус, овој пат ќе имаме подготвени копии од филмот, кои слободно ќе се делат на заинтересираните во комбинација со Fedora 7 на македонски.

Втора порција:
Следните 45 минути ќе продолжиме во истиот дух. Ќе ја гледаме епизодата „The City“ од трилогијата „2057“. Научно фантастична документарка која ни го покажува светот по 50 години.



Во овој дел ќе го видиме градот:

- Kаде што децата се придружени од своите холограмски љубимци, автомобилите го предвидуваат нашето однесување, домовите се потполно автоматизирани и комуницираат со нас, а полицијата патролира низ киберспејсот кој е насекаде.

- Напредни хуманоидни роботи се дел од животот, древни вируси (тоа би биле денешните) можат да предизвикаат целосен пад на системот, но биометрискиот систем е толку развиен, што никој не поминува незабележан, а светските архиви и библиотеки ги  чуваат податоците на холографски кристали.

На крај, во зависност од условите и заинтересираноста, би можела да се развие дискусија на темата
вклучувајќи ги нашите визии за слободната култура во иднината.

Слободна територија: Сподели Кино  

Патување низ немапирани територии со Вилијам Гибсон на Сподели Кино

Среда, 06.02.2008 20ч. Точка

No Maps for These Territories е едно необично патување со Вилијам Гибсон* низ нестварните простори на нашето време. Без почеток и крај, без познат правец и насока.

Магијата на медиумите и медиатираниот свет, експоненцијалното забрзување на информацијата, новите еманации на технологијата, пост хуманистичкото општество, консумацијата на дрогите, постојаната променливост и живеењето во моментот... неговите книги и творењето... визионерството...

search engine searches 'god'

На задното седиште на автомобилот, пушејќи ја својата цигара, во неформален разговор... некаде низ Америка... Разложен во различни просторвремиња преку алтернативната монтажа и интимнен пристап во режирањето.
Гибсон, во овој филм, ни го прикажува нашиот свет, прекршен и видоизменет низ неговата мисла - вртоглаво нестварен, а исконски реален.

"These days it all changes...
Nothing stable, nothing static.
Nothing to stand on or to cling to...
No maps for this territories,
though they are of our own creation...
No myths for these countries of the mind...
Accelerating constantly,
toward some null point of post-humanity"
(William Gibson)


***

Траење: 88 мин
Јазик: англиски

Други појави во филмот: Writers Jack Womack, Bruce Sterling, Bono Vox.

Линкови:
Официјален веб сајт на филмот
Исечок од филмот на you tube
Целосен транскрипт од филмот

Влез: бесплатен
Мото: сподели и ти

---

*(човекот кој го именуваше cyberspace-от)

Уште еден обид да се набави проектор за Сподели

Акцијата за обезбедување на средства за купување проектор е во тек. Ветете и Вие за да имаме помалку грижи во организирањето на настаните за споделување на знаење и култура.

Врска за донации: http://kajmakot.softver.org.mk/proektor_donacija/

П.С. Ова е 100-ти запис на овој блог.