Одбележување на денот на слобода на документите

Оваа среда СподелиКино великодушно го отстапува терминот за една кратка
презентација по повод Денот на слобода на документите организирана од Слободен софтвер Македонија во рамките на СподелиЗнаење.

Оваа манифестација се ќе се одржи на 26 март 2008 година во повеќе земји во
светот, иницирана од Европската фондација за слободен софтвер. Целта е да се подигне
свеснота за употреба на отворени стандарди и документи кои ќе можат да се употребуваа
на било која платформа во било кое време

Слободата на документите претствавува користење на отворени формати за нивен запис
кои се базираат на отворени стандарди со тоа вашите податоци остануваат за секогаш под ваша
контрола и ниеден неслободен формат неможе да ги зароби.

Покрај овој вовед програмата за оваа среда е

  • вовед за денот на слобода на документите
  • презентација (Што се слободни документи? Зошто ми се потребни? И како до нив?)
  • практични примери од нашето е-секојдневие како да се снајдете со неслободните документи, како да ги заобиколите затворените стандарди и повеќе од тоа
  • прашања и одговори

Повелете, придружете ни се!

http://odf.slobodensoftver.org.mk

5 коментари:

Развигор said...
This post has been removed by the author.
Развигор said...
This post has been removed by the author.
Развигор said...

Нешто имав проблем со пренесување линк во коментар, сакав да придонесам со информација дека веста е пренесена и на англиски овде:

Anonymous said...

После вечерашната презентација/дискусија околу ОДФ, ИСО стандардите, усвојување то на ООXML стандардот еве една информација:

Usvojuvanjeto na OOXML standardot preldožen od Microsoft netransparentno vo JIE

Арангел Ангов said...

Македонски и латиница некако не идат.

Post a Comment