Сподели Федора во Точка - сабота 1.12.2007 во 13 часот.

Се сеќавате на дисковите со Федора кои требаше да се делат за Денот на слободниот софтвер?

Дисковите

Знаете дека нивното печатење беше згрешено и дека не можеа (лесно) да се користат за целта за која беа наменети. Сега, со големо задоцнување, конечно имаме корисни верзии од истите дискови. Само има еден мал бонус - дисковите не се спакувани.

Што е за право, луѓето од Инет препакуваа дел од дисковите, но тие копии веќе ги разделивме на саем, конференцијата е-Општество.мк и Точка, а еден дел пративме во Битола.

Сега ни остануваат уште околу 2000 дискови кои треба да се наредат во опаковки за да може понатаму да се разделуваат. За таа цел правиме собир во Точка во сабота во 13 часот. Темата е пакувње на дискови и општа гико-хакерска дружба. Денот може да се искористи и за некое непланирано сподели знаење, доколку се создадат услови за тоа.

Ќе треба да завршиме до 18 часот, бидејќи тогаш веќе има друг настан во Точка.

Па се гледаме во Точка. :-)

Update:

Може ќе донесам и јас (Игор) еден сервер, да инсталирам линукс на него
и некој да ми помогне RAID-от да го средам.

После ако има време ќе инсталирам Trac, SVN, MediaWiki итн...

Па и мини СподелиЗнаење може ќе испадне..

Слободен софтвер Македонија на е-Општество.мк 2007

Оваа година палката беше во рацете на Миша Поповиќ. Темата беше прилично широка (јавен домен, криејтив комонс и слободен софтвер во развојот на е-Влада), но мислам дека Миша мошне добро ја раскажа приказната за десетина минути.

Миша Поповиќ од 2c.mk на е-Општество.мк 2007

Ми се чини дека вакви презентации треба да правиме многу почесто од едноставна причина што темите за слободата, особено во однос на власта, речиси никогаш не се исцрпуваат.

Миша Поповиќ од 2c.mk на е-Општество.мк 2007

Слободниот софтвер и содржина достапна без рестрикции се двете клучни прашања кон кои треба да се насочат проектите во рамките на е-владеење за да продолжиме да живееме во општество кое е слободно и во кое секој ќе може да го даде својот придонес.

Миша Поповиќ од 2c.mk на е-Општество.мк 2007

Се разбира, ја имавме и највозбудливата презентација. Барем до моментот до кој јас гледав. ;-)

Сподели кино 2.06 според Дарко156, 28.11.07 (среда!) во 18ч !!! [Точка]

Еве сме назад. Овој пат уредник на вечерта е Дарко156. Еве ја најавата од Дарко:

Обожавам негативци. Едноставно држат противтежа эа конструктивна дискусија. Еден таков контраш, ако не и најпопуларниот во контекст на web 2.0 е Andrew Keen, автор на блогот The Great Seduction и автор на книгата The Cult Of The Amateur.

Со добар дел од неговите ставови не се сложувам, но сепак многу е корисно кога човек може да слушне/прочита став кој е спротивен на неговиот, едноставно многу помага во понатамошното перцепирање на работите и во разбиструвањето на некои теми.

Видеото е презентација/говор поповод неговата книга (The Cult Of The Amateur) пред вработени во Google. Или што би се рекло во Змаевото гнездо.

Видеото на англиски и нема превод, но тоа никогаш не било пречка. :-) Повелете на кино и дискусија.

Настапот на Канал 103

Во септември, поточно на 26ти, екипа на 2с.мк гостуваше на емисијата „Ново кино Напредок“ која се емитува на Канал 103. Таму зборувавме за слободен софтвер, слободна култура, лиценци, музика, филмови, Брус Спрингстин, „Сподели знаење“ и иднината.

За среќа, Божо не снимаше, бидејќи никој друг не не слушаше :-). Јас веднаш го исчистив звукот од шум, но мојата мрза и бавна интернет конекција предизвикаа дури после скоро два месеца тоа да се најде на нет. Еве го во [ogg] па кој не слушнал, ова е добра прилика тоа да го стори. Мене ми се допадна како излезе, иако имаше малце време а имаше многу да се каже.

Сподели кино 2.05, 13.11.07 во 20ч [Точка]

Овојпат на Сподели кино ќе се проектира „Cyberpunk Educator“, документарен филм за киберпанк филмовите од 80-тите години на минатиот век.



Филмот на интересен начин прикажува како секојдневните приказни од литературата на Западот се користат за да се раскаже киберпанк приказна.

Тоа што нас ни е интересно е што филмот е фактички ремикс на други исечоци, претежно од филмовите за кои се раскажува, направен без дозвола на носителите на авторските права и сето тоа измонтирано на раскантан компјутер.

Па, ве чекаме утре, вторник во 20 часот...

Сподели (заостанато) кино 2.03/4, 06.11.2007 во 20ч [Toчка]

Среќата ни се насмеа и ово вторник имаме проектор.

Ура! Ура! Ура!

Оваа вечер е вечер на откажани кина. Па прво ќе го пуштаме „Хипици од пеколот“ кој требаше да оди на 17.07.2007 , а беше откажано поради летните одмори. А потоа, колку што ќе дозволи времето, ќе пуштаме дел од материјалите наменети за киното од 30.10 што го откажавме поради недостаток на проектор.

Патем за оние кои не знаат Слободен софтвер Македонија се надева на прибирање донации за да купиме сопствен проектор.

И се надевам нема повеќе да откажуваме.