СподелиКино 2.03 Откажано



Бидејќи не успеавме да обезбедиме проектор, вечерашното (30.10.2007) Сподели Кино е откажано. Се надеваме дека наредниот пат нема да откажеме и ќе најдеме проектор.

Се извинуваме ако сте откажале други планови за да дојдете вечер на Сподели Кино.

Ние сепак ќе бидеме таму, ако не за да си поприкажеме или раскажеме филмовите, ако некој не дознал да не остане разочаран.

Кратки филмови на Сподели кино 2.03, 30.10.2007 во 20ч [Toчка]

Киното продолжува. :-)




Што е на менито?

Врзан - првиот македонски филм издаден под слободна лиценца.
Spin - краток филм кој според описот добил 35 награди.
Fallen Art - анимиран филм на Багински еден од најдобрите компјутерски аниматори.

По овие следи интермецо со пар клипчиња од YouTube.

А за крај, Тео Јансен на TED со своите кинетички склуптури, или подобро нови форми на живот.

Сподели журка: Фотографии

Забава по повод 5 години 2c.mk

Малку фотографии тука.

Сподели журка

По повод 5-тиот роденден на „Слободен софтвер Македонија“, ќе организираме забава во Клуб на новинари во сабота 27.10.2007 веројатно со почеток во 21:30 часот. Забавата е од отворен тип а ние ќе пуштаме музика и ќе проектираме материјали од изминатите активности.



И како што добро знаете нема бесплатно пиво. ;-)

Сподели (блог) знаење: Анти-крад систем за Psi 0.11 на KDE 3.5.x

Денес бев во Битола нешто службено и му раскажувам не Гемиџи нешто за тоа. Истовремено со Дамјан се договараме за Водно-Матка тура викендов. Кога наеднаш се случува мешење на муабетите. Прозорците се раскокаа и фокусот отиде заедно со нив.


Па да видиме сега како се мести Kwin да го решава овој проблем.

1. Стартувајте го Контролниот центар на KDE и таму пронајдете „Работна површина“ (Desktop) и „Поставувања на прозорците“. Кликнете на „Нов“.



2. Во ново отвореното прозорче кликнете на „Најди“. Потоа со курсорот што е како „плус“ кликнете на прозорецот за разговор на Psi и потоа кликнете ОК.



После оваа кликачка процедура (која не е целосно сликана), во истото прозорче кликнете на последното јазиче „Заобиколни“ и одберете ги опциите како на сликата.



Потоа кликнете „Во ред“, „Примени“ и сл. Затворете го Контролниот центар.

3. Започнете разговор во две јазичиња за да го тестирате новиот анти-крад систем.

Тоа. :-)

Сподели (блог) знаење: Како да направите банер за СподелиЗнаење

За да не биде пуст блогов, а таман и нешто корисно да се појави на него, решив да напишам едно „како-да“ за правење банери за него. Одиме:

1. Отворете го СподелиЗнаење така што во полето за адреси на вашиот омилен прелистувач ќе напишете http://spodeliznaenje.blogspot.com.

2. Со помош на глушецот направете десен клик на банерот што веќе е на блогот и одберете ја опцијата „Зачувај ја сликата како...“ или соодветната за вашиот прелистувач.

Снимете ја сликата со некое згодно име, како на пример: spodeli-baner-template.jpg.

3. Отворете ја сликата во Gimp за да ја видите нејзината големина. Од менито „Слика“ одберете „Зголеми ја или намали ја сликата...“. Во прозорецот што ќе се отвори ќе ги видите следниве информации.


765 x 235 пиксели е големината на сите банери на блогов. Толкав треба да биде и вашиот нов банер.

4. Од разните места на Интернет каде има фотогорафии до настани организирани од заедницата на корисници на слободен софтвер во Р. Македонија одберете некоја која ви фаќа око. Пример фликр фотки од сподели знаење (http://www.flickr.com/photos/spodeliznaenje) или ден на слободен софтвер (http://www.flickr.com/photos/skopjesfd2007). (Се разбира тие што се повешти во цртањето на компјутер можат да почнат од бел лист. Јас не сум, па ќе земам една фотка од фликр). Па најдете тоа што ви треба и отворете го во Gimp.

5. Штом ќе ја отворите сликата, (1) одберете ја алатката за избор и (2) подолу одберете „Фиксна ширина“. Потоа (3) внесете ги соодветните вредности (765 x 235) и исцртајте правоаголник онаму каде што сакате. На крај (4) од менито „Слика“ одберете „Исечи слика“.


Вашиот банер е скоро готов.


5. Додајте некаков текст на сликичката ако сакате. Се разбира, ако знаете или ви е интересно можете и да си поиграте со некој ефект од Gimp.



6. Снимете ја сликата како JPG. Користете некое доволно описно име како на пример: spodeli-baner-od-pero-petrov.jpg. Потоа само известете за вашето дело така што ќе напишете порака на поштенската листа [ossm-members]. Банерите стојат овде.

7. Вашиот банер набрзо ќе се појави на блогов. Можеби само ќе треба неколку пати да ја вчитувате страницата за да го видите.



П.С. Еден банер се прави за помалку од 15 мин. Ако не ми верувате - пробајте!

Пиратерија на Сподели кино 2.02, 9.10.2007 во 20 ч [Точка]

Следува уште едно весело сподели. Овој пат имаме 4 филмчиња кои се занимаваат со темата недозволено копирање на авторски дела или како што медиумите (и политичарите) милуваат да речат - пиратерија.



Започнуваме со извадок од култниот магазин на CBS „60 минути“ во кој се истражува копирањето на видео касети на времето кога Сони се појавиле со првото домашно видео.

Потоа одиме на кратко филмче за канадскиот пазар и пропагандата на американскиет компании.

Продолжуваме со краток документарец за шведската пиратска сцена - „Укради го овој филм“.

И завршуваме со „Piracy is Good“ - предавање за смртта на телевизијата и традиционалниот бизнис модел за дистрибуција.

Се разбира ќе можете да си ги земете сите овие на усб стапче, но да не застануваме овде. Правиме и размена на музика. Па, во коментари кажете што сакате и можеби ќе се најде некој што ќе ви донесе. Јас на пример барам бест оф од Шеги - Мистер Бомбастик и слично. :-)

Мини Сподели знаење { Точка, 02 Октомври 2007 }

Бидејќи ФЕИТ сеуште не е спремен за Сподели знаење, денес мини
сподели знаење во Точка од 20 часот

Дамјан се договорил со Дарко комуникации да го донесе
неговиот wrt54gl рутер да го флешуваме со OpenWRT или DD-WRT и ќе видиме
зашто неговиот macbook не го препознава истиот.

Дополнително Миша со потфатот да се флешува Asus 520gu, неистапкана територија е...

Ете мини-СподелиЗнаење ... Точка, 20:00, 02 Октомври 2007.