Сподели (знаење/кино) во Глобус

Во денешен Глобус (број 14 од вторник, 24.07.2007 г.) има текст за Сподели знаење, Сподели кино и сето тоа што го работиме околу споделување, заедница, слободен софтвер и слободна култура.

Со новинарот од Глобус разговарав јас (Новица) и сѐ уште не сум прочитал што и како е напишано бидејќи брзав да ставам фотографија на блогов (и жалам ако фотографијата не е баш ОК).


(Кликнете за голема верзија.)

Фала Марија!

Лето е. СЗ/СК паузираат, ние не.

Лето е. Поради повеќе различни причини нема споделување во физички простор веројатно до крајот на август. Сепак, ова не значи дека сите луѓе имаат стиснато пауза. Разни работи постојано се случуваат.

Ако сте дома и ако минувате прилично време на Интернет (а што да се прави на овие горештини? :)) тогаш можете да се приклучите на некоја од активностите. Работиме на разни работи. Повеќето од нив не се сложени, а помош секогаш е добредојдена.

Можете да не побарате на поштенската листа [ossm-members]
и на каналот за IRC #lugola на irc.freenode.net.

Ако сепак се одлучите да не помогнете во некоја од активностите, ви посакуваме пријатно лето и удобен одмор - па се гледаме во септември.

:)

Сподели кино #12, 17.07.2007, 20:30 часот [Точка]

From: Vladimir Jankovski <vladimirjankovski...>
Date: Jul 17, 2007 9:15 AM
Subject: spodelikino12 17.07.2007


Zdravo Novica,
mislev deka znaes, ama ajde sega kje te informiram.
Tocka od 15 juli do 20 avgust ke bide zatvorena zaradi
godisnite odmori, taka sto nemame moznost da odrzuvame
nastani.
Izvini sto porano ne te informiravme za godisniot
odmor.
Ostanuva da prodolzime so proekciite posle 20 avgust.
Pozdrav,
Vladimir



СподелиКино продолжува.

Овој вторник сакавме да го пуштиме Џонатан Зитрејн од Универзитетот во Оксфорд (и од ред други престижни научни институции) како зборува за теми поврзани со Интернет и за тоа што ќе донесе иднината на годинешниот iSummit. Сепак, имаме некои проблеми со тоа видео и ќе го одложиме за друг пат.

Затоа овој вторник ќе гледаме (се надевам) интересен документарен филм од hippies.waag.org. Насловот на филмот е „Хипици од пеколот“. Филмот е за група хакери, уметници, писатели и сл. кои меѓу другото се основачи на првиот Интернет провајдер во Холандија xs4all.

Во филмот уметниците си играат со хардвер, младите хипици ги хакираат училишните калкулатори, lock pickers (како и да е на македонски?) отвараат катанци без клуч: хакирањето не е само зезање со технологија, тоа е став, дејство, глагол.

Филмот трае педесетина минути. Ако има расположение, потоа ќе пуштиме уште нешто. Можеби и од домашната продукција. :-)

Рекапитулар: Сподели кино #11

Вчера го проектиравме i.Mirror - експлоративниот машинима документарец на China Tracy за нејзините авантури во Second Life.

За нас од 2с.мк значајно беше и што се појавија нови лица во публиката кои се надевам дека добро си поминаа. Украдов малце време за да им објасниме кои сме и што сме и зошто сето ова со Сподели знаење и кино го правиме. Се надевам дека ќе дојдат пак. Ќе најдеме нови интересни филмчиња.

Мене инаку многу ми се допадна филмчето... инаку во три дела... огромен емотивен набој ми имаше и ми отвори цела низа прашања кои се надевам во наредниот период ќе најдам време да почнам да ги одговарам.

После i.Mirror ги пуштивме првите 4 епизоди од Чед Вејдер ... менаџерот на дневната смена во супермаркетот... еден серијал кој јас го сметам за школски пример за хакирање на Холивуд. Ќе лобирам следниот вторник да ги пуштиме останатите 4 епизоди...

Сподели кино #11, 10.07.2007, 20:30 часот [Точка]

Овој вторник ќе биде „втор“ вторник на Сподели кино. :-)

На репертоар ќе биде i.Mirror - машинима експлоративен документарец за животот во Second Life направен од China Tracy. Прикажан и во Венеција, i.Mirror го започнал машинима стримот од Second Life.

Интересен приказ на светот во Second Life раскажан преку перспективата на аватарот China Tracy, проследен со убава музика. Паралелно со таа виртуелна прошетка, некаде попатно, раскажувачот поставува интересни прашања за улогите, реалноста, илузијата...

Филмот трае 28 минути. После проекцијата може да дискутираме за феномените во виртуелните светови на онлајн платформите за играње улоги или пак да пуштиме уште некое клипче... :-)

Сподели знаење + Сподели кино = Сподели лето

Сподели знаење помина 14 интересни средби, дружења, размена на знаење, споделување на информации, хакови, твикови и што уште не. Во секој случај беше забавно, некогаш повеќе некогаш помалку.

Дојде летото, знаеме дека скопските лета се долги, топли и досадни, затоа Сподели знаење официјално го праќаме на одмор, но бидејќи ставив акцент на она досадни продолжуваме со Сподели кино, и тоа верувале или не секој вторник во Точка, филмови, презентации, интересни мултимедијални искуства за сите нас прекрасни луѓе.

Сепак ако некој има нешто што сака да го сподели, може на секое сподели кино да има неофицијално Сподели знаење, колку да не биде без ич. :)

Значи до септември заедницата на слободна култура+ слободен софтвер можете да ја најдете секој вторник во Точка од 20 д0 22-> часот.

Календар0т ќе се ажурира соодветно.

Сподели кино #10, 03.07.2007, 20:30 часот [Точка]

Ќе гледаме предавање на Лоренс Лианг:

На iSummit во Дубровник Лоренс Лианг одржа многу интересно предавање за тоа како „пиратството“ е значаен фактор во развојот на еко-системот на слободна култура. Предавањето кое ќе го гледаме во Точка е слично, но со поширок осврт и анализа на војната против пиратството.

Ова го напишал Лианг за своето предавање:
Апстрактни војни бараат апстрактни непријатели, и Hostis Humani Generis (или непријателот на целото човештво) е етикета доделена на многумина; почнувајќи со пиратите, а денес со терористите, Liang пробува да ги разбере врските меѓу сопственоста, пиратството и тероризмот и предлага дека концептот на Hostis Humani Generis ни помага да ја разбереме идејата за војна како продолжување на сопственоста со други средства.

(Преземено од: v2v.cc)

П.С. Почнуваме половина час подоцна за да проекцијата биде во темница. Кога е светло не се гледа баш најдобро.