
Ако се двоумите во врска со слободниот софтвер, ако не му верувате доволно, ако сметате дека не е доволно сигурен ниту пак безбеден, ако мислите дека не е доволно сериозен за вашата работа, или дека не е доволно забавен, дојдете овој вторник во Точка на сподели кино и погледнете го извонредниот документарец на
BBC,
The Codebreakers за слободен софтвер и софтвер со отворен код и неговата употреба во земјите во развој.
Повелете да погледнето зошто токму слободниот софтвер им ги решил горливите проблеми на овие луѓе, кои се нивните објаснувања, причини, и искуства кои ги стекнале и зошто толку се уверени дека токму тоа е вистинското решение.
Екипата која што учествуваше во снимањето на филмот посетила дванаесет земји низ целиот свет за да се увери како со прифаќање на СС/ОК се отвораат нови прилики во индустријата и во градењето на капацитетите, намалување на „софтверското пиратство“, локализација и прилагодување на различните културни и развојни потреби.
Меѓу приказните во
The Codebrakers ќе можете да погледнете пристап до интернeт и компјутери за децата во Африка, сиромажните во Бразил, програми за размножување на џиновските желки на Галапагос, поврзување на селата во Шпанија и справување со природни непогоди во Шри Ланка. Во документарецот ќе ги погледнеме и интервјуата и изјавите на клучните луѓе од оваа област од целиот свет.
Документарецот беше прикажан на
BBC во два наврата, а потоа е издаден под слободната лиценца Криејтив комонс именувај 2.5