Сподели знаење #7, 20.02.2007

Помина уште едно Сподели знаење. Мене некако повеќе ми се допадна овој пат што немаше некои класични презентации и се беша така некако помалку формално. Се надевам и другите ќе кажат што мислат, ама мене ми се чини дека ова и не е така лош начин за одржување на настаните.



Ѕвезда на вечерта беше Дамјан т.е. неговиот нов IBM супер-мал, супер-лесен лаптот, на кој во живо му се инсталираше копираше archlinux.



Во меѓувреме, блогот беше уште малку освежен со скрипта која менува слика во заглавјето без да се превчита страницата, значи се на се - продуктивно споделување на знаење. :)



Хм... ај уште овој пат да кажам - идеи и предлози за следниот пат се добредојдени. Притоа, под идеи и предлози не се мисли само да си ги кажете желбите што сакате да чуете, ами и што имате вие да кажете за другите. Сподели знаење, нели?

Нов изглед на блогот

Во очи на Сподели знаење #7 го подсредивме изгледот на блогот. Заслугите се за Дамјан, Игор и мене. :)

Сега за сега има само 5 случајни слики кои се вртат горе - што веројатно е малку. Ако некој сака може да направи слика 765х235@72dpi и да не извести за да ја додадеме. Но, внимавајте, ако земате туѓи слики, видете под каква лиценца се достапни. CC-BY-SA лиценца ќе врши работа. На Flickr има полно такви.

П.С. Новите банери мора да бидат подобри од овие сега што ги имаме.

План за Сподели знаење #7, 20.02.2007

План за Сподели знаење #7 - нема! Еве, денес е недела, а предлози скоро и да нема. Доброволци за држење презентации исто нема. Но, ова не значи дека нема да има Сподели знаење.

Значи, овој пат, се гледаме во вторник без дневен ред (барем сега за сега). Ако некој се пријави во меѓувреме, ќе прибележиме овде за да се знае.

На крајот на краиштата нема да биде штета и онака малку да муабетиме за што било. Дамјан може ќе си го хакира блогот, јас може ќе зборувам нешто интересно ако има луѓе, други работи сигурно ќе се појават ad hoc и така.

Толку. Се гледаме во вторник.

Сподели знаење #6, 06.02.2007

Шестото издание на сподели знаење и прво во вториот месец од 2007 година помина со две интересни презентации.
Илин Петковски се претстави со „безбедносните FOSS алатки“ каде ги претстави поважните безбедноси алатки и системи за откривање на упад во инфромациско комуникациските системи. Публиката беше заинтересирана и зема активно учество со неколку прашања по завршување на излагањето на Илин.

Стојанче Димитровски продолжи со своето излагање за состојбата so DRM во дигиталните сервиси за дистрибуција и репродукција на мултимедијални содржини. Неговото излагање беше навистина полно со корисни информации.

Се на се стандарден број на посетители и публика на шестката. Неколку нови лица, неколку повратници од некои од изминатите изданија.

Предлог за новите луѓе кои се појавија или нека се претстават на блогот, овде или нека се зачленат на поштенската листа, информациите како да го сторат тоа ги има во десната колона.

Што ќе се случува на #7 ќе откриеме наскоро...