На „Сподели Знаење 3" беше супер. Почнавме некаде околу половина час покасно од очекуваното бидејќи немаше толку луѓе дојдено, а и тие што требаше да бидат присутни сè уште не беа пристигнати.
Арангел и Стојанче почнаа со презентацијата на Убунту 6.06 Дапер Дрејк. Како што повеќето од вас знаат, Дапер има бубачка во инсталерот и точно таа бубачка се појави на инсталацијата, но не не спречи да продолжиме со инсталацијата. На компјутерот највеќе од времето презентираше Стојанче, а Арангел ги објаснуваше постапките и сл.
Не можевме да презентираме инсталација на додатни приклучоци како што е приклучокот за пуштање на mp3 фајлови, бидејќи немавме интернет.
Додека Убунтуто се инсталираше се отвори дискусија за што е слободен софтвер, зошто се лиценците, дали лиценците за слободен софтвер гарантиаат безбедност...
Откако се инсталира Убунтуто, Арангел и Стојанче објаснуваа за некои попрости команди како „sudo".
Откако заврши нсталацијата Дамјан ни го презентираше MyOpenID со проследување на сринкастот за OpenID. Имаше доста комични елементи, на пример, кога му рекоа на Дамјан да го преведува скринкастот. А, скринкастот започнува со „Здраво, јас сум Сајмон..." така да, сите слатко си се изнасмеавме.
Немаше Python Challendge, заради истата причина, немањето на интернет. Но сепак јас мислам дека беше супер!
Извештај од Стојанче Димитровски.
Фотографиите од Златко:
http://picasaweb.google.com/zlatra/27122006
План за Сподели знаење #3, 26.12.2006
Новогодишното „Сподели знаење“ ќе биде посветено на инсталирање на GNU/Linux дистрибуција во живо. Веројатно ќе се инсталира Ubuntu или некоја негова варијанта, а шоуто ќе го водат Арангел, Милош и Стојанче.
Веројатно ќе продолжиме да се занимаваме и со Python Challenge.
Можеби ќе има и новогодишни изненадувања. :-)
Постер тука за тие што ќе сакаат да залепат по факултети:

И две pdf верзии од постерите од Стојанче: тука и тука.

Сподели знаење #2
На вториот собир дојдоа значително повеќе луѓе од првиот пат благодарение на сите оние што овојпат се заангажираа за да се направат и залепат плакати на факултетот. Овој пат почнавме со прикажување на „Elephants Dream“ и „The Making of Elephants Dream“, првиот open source филм направен досега. Интересно беше да се чуе како во процесот на правењето на филмот екипата што работи на него добива поддршка од заедницата за доразвивање на алатките со кои што работи.
Иван Стојмиров оддржа интересна презентација за „Apache VS IIS“, презентацијата е достапна тука. На крајот со помош на Дамјан го заокруживме настанот со стигнување до 3тото ниво на Python Challenge - интересен начин за забава и учење истовремено.
Наредната сесија за споделување на знаењето е на 26ти декември, можете слободно да оставате предлози во коментарите за она што сакате да го правиме наредниот пат, значи пишете се што ве интересира без разлика дали се работи за техничко или филосовско прашање, тука сме да ви помогнеме.
Галерија на слики