План за Сподели знаење #2, 12.12.2006

Планот за следниот термин на Сподели знаење е следниов:


Виктор Стојановски ќе го облепи факултетот со постерчиња за настанов, па може и да имаме повеќе од 20 посетители. :)

Се разбира листата на можни активности не е конечна и сите предлози се добредојдени.

Сподели знаење #1, 28.11.2006

Премиерата се случи прилично успешно. Со околу 20-тина луѓе кои одлучија да видат за што се работи разговаравме за работите кои можат да бидат тема на нашите идни собири како и за тоа како ќе изгледаат и како ќе се одвиваат истите.

Накратко, се договоривме дека двонеделните среќавања на ФЕИТ не треба да бидат предавања според некои правила, туку динамчина размена на мислења и знаење. Додека на почетокот можеби ќе треба поголемо учество и ангажман од поискусните корисници и познавачи на слободниот софтвер и прашањата поврзани со него, се надеваме дека со тек на време сè поголем број на луѓе ќе се вклучуваат со свои идеи и презентации.

Темите за кои разговаравме дека би можеле да се обработуваат генерално може да се поделат во неколку групи:
  • Општи концепти поврзани со слободниот софтвер, како што се промовирањето на слободниот софтвер, разните видови на лиценци за слободен софтвер, прашањата за бизнисот и слободниот софтвер итн.
  • Разгледување/презентирање на различни видови на слободен софтвер и GNU/Linux дистрибуции со осврт на изборот на соодветна дистрибуција, како и проблемите со кои корисниците можат да се соочат откако ќе ја инсталираат дистрибуцијата.
  • Решавање на практични проблеми со слободен софтвер и во GNU/Linux оперативниот систем.
  • Локализација и интернационализација на слободен софтвер.
  • Програмирање со слободен софтвер.
Ресурсите кои се достапни на Интернет, а кои се дел од нашата заедничка инфраструктура, се овој блог како и
  • irc каналот #lugola на irc.freenode.net,
  • форумите на порталот linux.net.mk, и
  • поштенската листа [ossm-members].

Ако нешто фали - коментарите служат за дополнување. :)

Што е СподелиЗнаење и СподелиКино?

СподелиЗнаење

Сподели знаење е настан кој се случува секојa сабота, од 12:00 до 18:00 часот, во хаклабот КИКА.


Идејата е сите кои се заинтересирани за слободен софтвер, GNU/Linux, но и општо технологија, компјутери, хакирање (не кракирање), мрежи, сервери, електроника, слободна култура и општество, геџети, роботи итн., да може да се соберат за да споделат знаења и искуства, да дискутираат и експериментираат.

Присуството е слободно, бесплатно и пожелно. Земете си и лаптоп, компјутер, празни CD-иња ако сакате.

СподелиКино

Сподели Кино е моментално ставено во мирување поради пренамена на културниот центар Точка од отворен во затворен простор. Кога ќе најдеме друга соодветна локација ќе почнеме повторно со емитување.

Синеастичките вечери на слободната култура под името „СподелиКино“ од почетокот на 2008 вообичаено се одржуваат секој понеделник. Со несебична поддршка од културниот центар Точка, каде имаме простор, проектор и промоција, можете да погледенте интересни презентации, филмови под слободни лиценци и youtube плејлисти. Термниот е ист од 20:00 до 22:00 часот.

Присуството е слободно, бесплатно и пожелно. Земете си и USB флеш мемориско стапче, ќе може да си гo снимите тоа што ќе го пуштаме (или некое музиче/филмче).

Официјално: Работилниците започнуват

Работилниците на Слободен софтвер Македонија кои ќе се одржуваат на Факултетот за елекротехника и информациски технологии во Скопје ќе ја имаат својата премиера на 28.11.2006 година во 20 часот во амфитеатарот на факултетот.