Сподели знаење 04.07.09 (13:00ч)

По неколку недели пауза решивме да направиме едно сподели знаење. Агендата денеска ќе биде:
  • хакирање на разни web апликации (под хакирање мислам на решавање bug-ови во наши апликации)
  • отварање и чистење на Thnikpad :) - можеби
  • custom made мини-python-web-framework - се вика die-django :)
  • сурфање на IPv6 интернетот (а и ставање на сервери на IPv6)
  • инсталација на ubuntu netbook remix na eeepc 1000he
  • и сите други работи што ќе ни текнат ...
Единствена промена е почетното време. Ова сподели знаење почнува од 13:00 наместо 12:00 часот. Тие што доаѓаат редовно знаат дека ова е и не е некоја промена :).

Локација стандардна. Линк тука.

Сподели знаење 06.06.2009

Сподели знаење имаше и денес... ништо посебно не се случи...

Сподели знаење 23.05.2009

Предлози за Сподели знаење оваа сабота (23.05.2009).

- може mibbit во PyQt/WebKit/JQuery да направиме, кој го хакува mibbit-от да се покажува некој popup кога има нова порака (или барем поставување на развојната околина);
- Да го разработиме Mozilla Prism да се појавува во systray;
- dosbox со Windows 3.11/Windows 95 на Symbian S60;
- разно.

Не задолжително по тој распоред.

Во стандардното време од 12 до 17 часот на стандардната локација http://rdr.to/xe

п.с. Доколку нема постови на блогов тоа не значи дека нема Сподели знаење. Сподели знаење се случува секоја сабота освен за време на прогласени елементарни непогоди, повеќе инфо на поштенската листа.

СподелиЗнаење 25.04.09

Во оваа епизода на СподелиЗнаење ќе гледаме:
  • Основни функционалности на стандардниот firmware на DNS-323, можноста за инсталирање на дополнителен софтвер преку fun_plug, инсталација на Debian (debnas) на самиот уред без флеширање на firmware-от;
  • неколку Python (програмерски) алатки за работа со бази на податоци. Со посебен осврт на SQLAlchemy и нејзините ORM-ови, а ќе споредиме со ORM-от на Django, SQLObject, Storm и можда уште некој.

Програмата како и секогаш е отворена за промени и проширувања. Стандардниот тим ќе биде на стандардната локација од 12-17:30 часот.

Предавање и работилници за проектот Мозила


Отворена покана за сите заинтересирани дека на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на ден 15.04.2009 (среда) од 18 до 22 часот, во амфитеатарот на Факултетот, ќе имаат можност подобро да се запознаат со проектот Мозила, на настан организиран од „Слободен софтвер Македонија“. На тој начин заинтересираните ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења од областа на употреба на Интернет технологиите и Интернет програмирањето.

Предавањата ќе ги водат: Сони Пирс (Sony PIERS), Арзел Јунзи (Arzhel YOUNSI) и Грег Костенобл (Grйgoire COUSTENOBLE), сите од Франција, истакнати придонесувачи на Мозила проектот. Целта е да компјутерските корисници во Македонија добијат шанса одблизу да се запознаат со проектот Мозила и оние кои го работат да видат каде и како можат да ги употребат неговите производи со цел подобро да си ги завршат своите задачи.

Во склоп на настанот предвидено е да се одржат две предавања/работилници:

  • Техничко предавање: Firefox за веб програмери, отворени веб стандарди, прелистувач што е напишан според стандардите , HTML 5, новата структура за обработка на JavaScript, нови CSS можности;
  • Предавање за крајните корисници: како да се користи web 2.0 во Firefox, демонстрација на отворени веб стандарди, интересни додатоци и можности.



Слободен софтвер Македонија е здружение на граѓани во Република Македонија формиранo од, претежно, млади луѓе кои секојдневно користат слободен софтвер во својата домашна и професионална работа. Како организација работи на промовирање на слободниот софтвер во Република Македонија.

Фондацијата Мозила e непрофитна организација која постои за да обезбеди водство и поддршка на Мозила проектот за слободен софтвер. Таа ги одредува насоките и стандардите при развојот на производите од проектот Мозила. Најзначајните производи од овој проект се: интернет прелистувачот Mozilla Firefox, клиентот за електронска пошта Mozilla Thunderbird и во поново време интернет прелистувачот за мобилни уреди Mozilla Fenec.

Tурата по европските Mозила заедници e замислена како три неделно патување на неколку членови на тимот на Мозила во различни држави од Источна европа и Балканот во кои интернет прелистувачот Mozilla Firefox се користи на повеќе од 50% од компјутерите. Идејата на патувањето е да се промовира Мозила, нејзината мисија да промовира отворени веб стандарди и да се сретнат локалните заедници кои го помагаат развојот на Firefox и останатите Мозила производи.

Турата можете да видите како напредува на следниов линк, на блогот на мозила. Гостите од Мозила на нивната турнеја би требало прво да ја посетат Струмица, повеќе информации очекуваме од нашите пријатели од Струмица, а ќе ги објавиме на нашиот блог.

Ништо нема да се случи - Белград 3 - 5 април 2009

Викендот 3 - 5 април во Белград се одржа првиот НСНД (Ништа се нече догодити) Ништо нема да се случи во оваа година. Ова е настан кој се одржува веќе трета година, (првиот беше во март 2007) и кој ги обединува хакерите, гиковите, слободните софтверџии и промоторите на слободна култура во регионот.

Програмата, што беше составена на утринската сесија во саботата, вклучуваше повеќе интересни теми. Она што мене најмногу ми се допадна беше презентацијата на Марсел за програмирање за непрограмери и таа на Ака и Ива за smalltalk/squeek/etoys т.е. за алатки за деца за учење програмирање. Од вториот ден се покажа дека најкорисна беше презентацијата за PyQt4 + WebKit, иако не го знаев ова се додека не застанавме да каснеме нешто на бензиска на патот за Македонија.

From Ништо нема да се случи - Белград 2009


Оставам некој друг да допише повеќе за техничките работи. Мене најголем впечаток ми остави разговорот со Марко, еден од нашите домаќини, за тоа како го добиле просторот во кој се одржува нивната „размена вештина" т.е. исто како нашето „сподели знаење".


Знаејќи со какви проблеми се соочуваме ние овде да најдеме локација за било што, зборувавме со Марко за тоа како тие се снаоѓаат. Марко вели дека во Белград во секој момент можат да обезбедат три локации за организирање на настани од типот на сподели знаење или други презентации/работилници/проекции. Едната локација е Рекс - простор на Б92, а другите 2 се СКЦ и Дом омладине - едната државна, а другата институција на градот. Што е најинтересно, просториите можат да се обезбедат бесплатано, а и покрај различни партии, интереси и слични сплетки, просторот може да се обезбеди без некое посебно „фаќање на врски".

From Ништо нема да се случи - Белград 2009

Најинтерсно е што просторот кој сега го користат буквално е магацин, значи простор кој може комотно да се рента на фирма за во него да се чува стока, но сепак градот одлучил дека е подобро во него да има галерија и други простории во кои младите од Белград ќе можат да се собираат и да прават што и да си имаат да прават. Ова за мене е многу важна работа меѓу Македонија и Србија. Не знам кога кај нас ќе има вакви простори овде.

На крај, настанот беше забележан и од локалните медиуми. Целиот текст на српски тука.

Ништо нема да се случи оваа сабота

... бидејќи ќе се случува во Белград.

Оваа сабота 4.04.2009 „Сподели знаење“ нема да има, бидејќи значаен дел од екипата ќе оди на регионалниот „гико-хакерски дружијанац“ ;-) наречен „Ништо нема да се случи“ или скратено НСНД.

НСНС е периодичен собир на корисници на слободен софтвер и технолошки ентузијасти од регионот, и тоа пред се од Хрватска, Србија и Македонија, каде што редовно се одвиваат настани од типот на „сподели знаење“. НСНД настаните ги користиме за дружење и размена на искуство со пријатели од регионот.

Основно мото на настанот е: „Кој не знае прашува, кој знае покажува“.

Сподели знаење: 28.03.2009

Шти би правеле утре?

1. Web2Py framework
2. Хакирање на возниот ред од ЈСП со помош на Ubiquity
3. Илин најави дека ќе разменува книги на СподелиЗнаење
4. Јас (Игор) ќе покажам модул за екстерна автентикација на друпал, со кориснички име и лозинка во друга база како и пренесување и мапирање на соодветните ролји од екстерниот систем во друпал.
Иако ми треба мала помош околу последново, пошто ми фали мал дел
од ова за да функционира одн. за да се подеси соодветната ролја.

СподелиЗнаење 21.03.2009 г. во 12 ч.

Ако се прашувате, тогаш - ДА, денес има СподелиЗнаење, на вообичаената локација (http://rdr.to/xe).

И покрај снежното време, најхардкор споделувачите денес ќе се занимаваат со:
  • тивки и енергетски ефикасни решенија достапни на нашиот пазар за обичен десктоп компјутер (и монтирање на еден таков);
  • Funambol е SyncML сервер преку кој можеш да синхронизираш разни ствари од мобилен и други апликации .. календари, контакти итн.;
  • Кириличнатастатура за S60 .. пошто изгледа нема s60 телефон со македонска тастатура.


5 години Лугола!

Овој викенд СподелиЗнаење беше засенето до прославата по повод петгодишнината од формирањето на битолската група на корисници на ГНУ/Линукс - Лугола.

Журката се случи во клубот на новинари во Скопје... па, од едноставна причина што сите битолчани се дојдени на привремен престој (работа, школо) во главниот град.

Настанот беше одбележан и со пригодно подготвена торта.


Повеќе фотографии од настанот можете да видите тука.